Тогаш 29-годишната Фостер на сетот ја глумела ФБИ-припадничката Кларис Старлинг. Актерката вели дека експресиите, фразите и погледите што ги правел Хопкингс ѝ внеле страв во коски.
Фостер признава дека за време на филмот, кој подоцна оствари светски успех, не можела да биде во иста просторија со нејзиниот колега.
„Кога јагнињата ќе стивнат“ е американски филм трилер на Џонатан Дем од 1991, со Џуди Фостер и Ентони Хопкинс во главните улоги. Филмот е снимен според романот на Томас Харис, кој е негово второ дело за докторот Ханибал Лектер, брилијантниот психијатар и канибалец, сериски убиец.
Во филмот, Кларис Старлинг, младиот агент на ФБИ, е пратена во затворот кај Лектер да го праша за совет како да фатат сериски убиец наречен Бафало Бил, кој киднапира жени и им ја отстранува кожата. Филмот освои пет Оскари, вклучувајќи го Оскарот за најдобар филм и со тоа стана единствениот хорор кој ја освоил оваа награда.
Оваа улога прво била наменета за актерката Мишел Фајфер, која ја одбила затоа што имало премногу гнасни сцени во сценариото. Од друга страна, на почетокот за Фостер тоа не претставувало никаков проблем.