(Фото) Адел ги зголеми усните

Адел во средата беше видена со дечко ѝ Рич Пол на вечера во Беверли Хилс, а голем број од медиумите пренесоа дека пејачката ги има зголемено усните. Беа на вечера во грчко-медитерански ресторан и двајцата носеа црна облека.

Многу од фановите коментираа дека нејзините усни биле поголеми и побујни од последен пат кога ја видоа на концерт во Хајд Парк. Тие тврдат дека ставила филери. Во Хајд Парк, Адел настапи за првпат во живо по пет години, покрај планираниот и долгоочекуван концерт во Лас Вегас.

Адел ден претходно ги откажа настапите во Палатата Цезар, тврдејќи дека шоуто не било готово.

 

 

Scroll to Top