(Фото) Адријана Лима објави фотографија со синот Цијан и објасни какво значење има името

Познатата манекенка Адријана Лима објави фотографија од својот син и напиша; „Ти го допре моето срце. Те сака мама, Цијан“.

Поранешната сопруга на кошаркарот Марко Јариќ се породи третпат. Адријана Лима доби син со филмскиот продуцент Андре Лемарс, а од бракот со кошаркарот има две ќерки, Сиена (9) и Валентина (12).


„Цијан е бојата помеѓу зеленото и синото на видливиот светлосен спектар. Цијан е бојата на водите на Бора Бора и на Малдивите, место на нашата семејна листа. Цијан сега е нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојдовте во нашиот свет, Цијан Лима Лемарс“, напиша Лима.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Scroll to Top