Холивудската актерка Оливија Вајлд откако ја раскина 7-годишната свршувачка со актерот Џејсон Судеикис, започна нова љубовна врска со англискиот пејач Хари Стајлс, поранешен член на групата One Direction.
Викендов Оливија и Хари држејќи се за раце се појавија на венчавката на менаџерот Џефри Азоф во Монтечито. Близок пријател на двојката за магазинот „Пипл“ проговори детали од нивната љубовната врска.
„Љубовта на Оливија и Хари гори од силен пламен“, тврди тој и додаде „Двајцата се сериозно посветени еден на друг и секој момент го поминуваат заедно“.
Минатата недела актерката и пејачот се собраа со неколку пријатели и прошетаа во Санта Барбара. „Дружење на чист воздух е една од ретките работи во кои уживаме среде пандемијата“, изјави двојката.
Оливија и младиот пејач се запознале за време на соработката на нејзинот нов филм „Не грижи се мила“.
„Оливија е многу среќна со Хари“, додаде нивниот пријател за „Пипл“ кој рече дека парот се вратил во филмскиот сет по кратка пауза и го продолжил снимањето.
Снимањето се одвива во согласност со строгите епидемиолошки мерки, бидејќи неколку пати се одложуваше поради појавата на вирусот и тестирањата.