(Фото) Амбер Херд се прошета во бутик со ниски цени, глумицата штеди пари за да може да му плати на Џони Деп

Амбер Херд била видена во бутик  каде цените биле прилично ниски, а некои од американските таблоиди пренесоа дека само на тој начин глумицата може да заштеди пари за да да му плати на Џони Деп, за клеветата за која се тужеа на суд.

Таа му е должна 8,4 милиони долари отштета, заради нејзиното писмо во „Вашингтон пост“, во кое го наклевети за семејното насилство. Деп тврдеше дека тоа писмо му ја уништило кариерата.

Сега медиумите пренесоа дека глумицата е свесна дека повеќе не може да си дозволи луксузен живот, како што тоа беше случај претходно, кога беше ѕвезда во „Аквамен“.

Амбер била видена во дуќанот ТЈ Маxx во Хамтонс заедно со нејзината сестра Витни Хенрикез, која беше со неа за време на целото судење. Амбер беше лежерно облечена во широки фармерки и бела кошула, но одма го привлече вниманието на другите клиенти, а некои и ја фотографираа.

За потсетување, на судењето во Вирџинија, глумицата изгуби во процесот од Деп кој ја тужеше за клевета. Извори за Post на почетокот на јуни рекоа дека глумицата е шворц поради големите правни трошоци поврзани со судењето со Деп.

 

 

Scroll to Top