(Фото) Бекам на Бруклин и Никол им подари електричен „јагуар“ од 400.000 евра

Дејвид Бекам на син му Бруклин му подари автомобил од марката „Јагуар“ вреден 400.000 евра. Тој им го даде на него и Никол како свадбен подарок пишува Mirror. Сличен ваков автомобил на нивната венчавка добија и принцот Хари и Меган Маркл.

Електричниот автомобил е од 1954 година, а со истиот на свадбата дојдоа Дејвид и Викторија Бекам. Папараците го снимија Бекам како подоцна му ги дава клучевите на Бруклин.

За потсетување, Бруклин пред неколку дена се ожени со неговата девојка Никол Пелц на имотот на нејзиниот татко во САД. Свадбата од три милиони фунти ја плати милијардерот Нелсон Пелц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@nosorrog)


На неа беа и најблиските на Бруклин, неговите браќа Ромео и Круз кои им беа кумови и братот на Никол, Бред. За потсетување Бруклин и Никол потпишаа и предбрачен договор. Семејството на Бекам се проценува на 343 милиони фунти, додека на Пелц 1,2 милијарди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chiara (@chiaralovesdior)

Scroll to Top