(Фото) Бекамови ќе градат огромно вештачко езеро и остров на него

Дејвид и Викторија Бекам имаат во план да изградат огромно вештачко езеро и остров на него. Тие неодамна се вратија од Мајами на својот имот во Котсволдс, но не наидоа на добредојде од соседите кои се противат на нивниот план.

Соседите се плашат дека вештачкото езеро може да предизвика поплави и да ја наруши биолошката разновидност во областа. Сепак по голем број пречки и од локалните власти, Бекамови ги добија потребните дозволи за градба, ветувајќи поголема биолошка разновидност.

Како што пишува британски „Сан“, езерото со име „Пош“, ќе завземе површина од три четвртини на еден фудбалски терен. На средината Бекамови планираат да изградат остров во кој ќе живеат.

 

 

Scroll to Top