Манекенката Бела Хаид ги загрижи фановите откако објави фотографии од болница. Манекенката цела е во модринки. Нозете ѝ беа потечени, а целиот грб ѝ беше покриен со завои. Имаше завои и на десната рака и задникот. На нозете има големи темни модринки, а на една од фотографиите се гледа и шприц со крв.
Манекенката не откри каква е нејзината состојба. Претходно рече дека страда од лајмска болест, односно бактериска зараза која го напаѓа организмот и која во потешките случаи може да доведе до проблеми со работа на срцето, оштетени нерви, отекување на зглобовите и потешкотии со концентрацијата.
„Некогаш спијам и по 12 часа и не можам да станам од кревет. Имам силни болки на зглобовите, таканаречена мозочна магла и анксиозност. Постојат многу симптоми кои не можат веднаш да се забележат. Но, животот продолжува и не смеам да се откажам“, рече Хаид пред шест години на Global Lyme Alliancea за борбата со болеста.