(Фото) Бесконечна романса дури и по 40 години: зборовите што ѝ ги упати се доказ за вистинска љубов

Познатиот холивудски пар Рита Вилсон и Том Хенкс со децении уживаат во љубов која се смета за една од најстабилните во Холивуд. Тие се можеби единствениот пар за кој нема озборувања или шпекулации за криза, иако сè започна на необичен начин.

Со својата последна објава, Хенкс покажа колку ја сака својата сопруга и дека нивната љубов е сè посилна од година во година.

Рита го прослави својот 69-ти роденден, а Том ја искористи можноста да објави фотографија од неа, под која остави емотивна порака.

„Оваа прекрасна жена го слави својот роденден. Нејзиниот сопруг ја сака. Среќен роденден, Рита Вилсон“, напиша актерот.

Љубов која не познава граници
Том Хенкс и Рита Вилсон се запознаа во 1981 година на снимањето на серијата „Bosom Buddies“, но во тоа време беа само пријатели. Првпат се појавија на црвениот тепих како пар во 1986 година и оттогаш се неразделни. За време на нивниот децениски брак, тие добија два сина.

Поради љубовта, Том ја промени својата вера, станувајќи православен, со оглед на тоа што Рита е од грчко потекло.

Покрај тоа, двојката не се двоуми јавно да ја покаже својата љубов, а многу често си посветуваат емотивни објави еден на друг на социјалните мрежи.

За еден од неговите родендени, Рита му посвети трогателни зборови во кои откри колку е всушност силна нивната врска.

„Среќен роденден на човекот кој е мој љубовник, мој најдобар пријател, мое семејство, татко на моите деца. Тој е еден од најпаметните луѓе што ги познавам, ме смее секој ден веќе 38 години, може да заспие насекаде и во секое време. Среќен роденден, љубов моја“, напиша Рита.

фото: принтскрин

Scroll to Top