(Фото) Бијонсе славеше роденден во Хрватска

Поп-пејачката Бијонсе, заедно со нејзиниот сопруг Џеј Зи, неделава беа во посета на Хрватска. Бијонсе на јадранското крајбрежје го прослави 39. роденден.

Таа заедно со нејзиниот сопруг беа во посета на хрватскиот остров Галешњак, познат уште како и „Островот на љубовта”.

Тие летото се возеа на луксузната јахта „Лана” долга 107 метри. Двајцата беа меѓу првите нејзини гости. Нејзиното изнајмување за една недела со сите дополнителни трошоци чини речиси два милиони евра, пишуваат светските таблоиди.

 

Scroll to Top