(Фото) Бијонсе во розова танга промовира спортска облека

Во розова танга и топ по долги ракави, Бијонсе ја промовира спортската колекција „Ајси парк“, која е дел од соработката меѓу пејачката и „Адидас“. Новата колекција е дел од брендот „Ајви парк“ и официјално ќе биде промовирана на 19 февруари.

Освен фотографијата со розовата танга, на официјалната инстаграм-страница на „Ајви парк“ се појавија уште неколку слики со модели од латекс во кафена боја.

„За сите останати модели ќе мора да почекате уште само една недела“, стои во промовитивниот текст.

Ова не е прва соработка на Бијонсе и германскиот гигант „Адидас“. 39-годишната поп ѕвезда и лани заедно со нив создаде интересна спортска колекција во шест нијанси, а која, според „Адидас“, беше брзо распродадена.

Scroll to Top