Актерката Блејк Лавли се појави во фустан од модната куќа „Версаче“ на кој се работело 600 часа. Нејзиниот фустан беше еден од највпечатливите и покрај многубројните креации во кои се појавија познатите ѕвезди. Актерката носеше фустан во црвена и златна боја, но медиумите се фатија и за тоа дека Лавли не носи гаќички под фустанот. Актерката ги собра комплиментите и од модните критичари и од своите обожаватели.