Меган Маркл и принцот Хари им се приклучија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на свеченоста и Фестивалот за сеќавање во лондонскиот Ројал Алберт Хол. Ова е прв пат сите четворица да се појават заедно, по објавениот документарец во кои Меган и Хари раскажаа за нивните семејни кавги и расправии.
Претходно во јавноста надвладеа мислењето дека кралската четворка се распаѓа. Сите се препукуваа преку медиумите и дописниците од палатата. Двете кралски јатрви, Кејт и Меган, никако не можеа да најдат заеднички јазик. Сепак според последните пишувања на британските медиуми, недоразбирањата сега се минато.
Двојките на свечениот настан стигнаа одвоено, како што е обичај. Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон седеа до кралицата Елизабета Втора, додека принцот Хари и Меган Маркл беа во вториот ред, веднаш зад британскиот премиер Борис Џонсон и неговата партнерка. Двете кралски сани се поклопија со стајлингот.
И двете беа облечени во црни фустани со црвен накит и цвет кој се користи од 1921 година, во спомен на загинатите војници од двете светски војни, додека Вилијам и Хари носеа црни оддела и имаа исти кравати.