Актерот Брендој Фрејзер со улогата на Чарли во новиот филм „Кит“ од познатиот режисер Дарен Аронофски, се враќа на филмската сцена. Актерот за потребите на новата улога целосно го промени својот изглед и ја зголеми телесната тежина. Улогата на Чарли го чинеше Фрејзер цели 272 килограми.
Тој глуми средновечен маж, кој повторно се обидува да се поврзе со својата 17 годишна ќерка. Станува збор за татко и ќерка кои изгубиле врска откако таткото го напушта семејството поради љубовница, кој подоцна умира. Чарли потоа неговата утехата ја бара во храната, што го доведува до ужасна и опасна бројка на вагата.
Покрај Фрејзер, во филмот „Кит“ ќе учествуваат и Сејди Синк, Хонг Чао, Саманта Мортон и Тај Симпкинс.
„Никогаш не сте виделе такво нешто. Тоа е се што можам да ви кажам. Костимите отидоа чекор понатаму. Знам дека овој филм ќе остави траен впечаток кај гледачите“, изјавил Фрејзер.