Обожавателите на пејачката Бритни Спирс се загрижени за нејзиното здравје, откако ѕвездата повторно објави уште една гола слика на се соблече целосно гола за нејзиниот Инстаграм. Таа позираше, прекривајќи ги градите со рацете и емоуџи со црвено срце за да ја зачува скромноста.
Со најновата слика Бритни ги потсети нејзините следбеници на фотографија објавена пред две недели од нејзиниот одмор во Мексико со момчето Сем Асгари и нејзиното куче Соер.
„Не е истата слика, ова е слика со црвено срце. Ако свртите на другата слика, може да ме видите мене и Соер со отворени усти“, напиша Бритни.
Многу обожаватели ја изразија својата загриженост за состојбата на Бритни, фановите пишуваат дека е доста со голи фотографии, но и се прашуваат зошто ова го прави пејачката, и дали е добра со нејзиното здравје.
View this post on Instagram
Голите фотографии на Бритни се чести на нејзиниот профил. Само три дена откако објави дека го изгубила бебето во спонтан абортус, таа се појави во бикини на плажа.