(Фото) Бритни првпат видена по разводот, пејачката излезе несредена на полноќ за да пазари

Папараците за првпат по разводот ја снимија Бритни Спирс на полноќ додека пазари во продавница во Окснард, во Калифорнија. Пејачката купи храна, а друштво и правеа луѓето од обезбедувањето. Во шорцеви, со стар џемпер преку рамото и разбушавена, Бритни излезе од продавницата.

За потсетување, пејачката објави дека се разведува со 12 години помладиот Сем Ешгари, по 14 месеци брак. Како што објави „Дејли Мејл“, причината за разводот е неверството на Бритни. По тоа, беше објавено дека фитнес тренерот поднел барање за развод затоа што наводно само сакал да извлече пари.

Бритни им се заблагодари на своите најблиски за поддршката и додаде дека е шокирана што на нејзината долгогодишна љубов ѝ дошол крајот.

„Како што сите знаете, јас и Сем повеќе не сме заедно. Да бидам со некого шест години, малку сум шокирана, но не сум тука да се објаснувам, искрено, тоа не е ничија работа. Навистина не можев повеќе да ја поднесам болката. Телепатски некако ми стигнуваат пораки од пријатели, поддршка која ми го топи срцето и сум благодарна за тоа. Дека ни изгледаше совршено е далеку од вистината. Мислам дека сите го знаеме тоа. Сакав да ги покажам емоциите, солзите и како навистина се чувствувам, но поради некоја причина, секогаш го криев тоа“, рече Бритни.

 

Scroll to Top