Поп-пејачката неодамна се ослободи од контроверзното старателство на татко ѝ Џејми, па отогаш не престанува да ја слави целосната слобода. Овој пат таа целосно се разголе на плажа, па фотографиите ги објави на Инстаграм, на кои носи само ѓердан со привезок, а интимните делови стратешки ги покри со емотикон во облик на дијамант.
Поради емотиконите со рози во објавата, фановите тоа го сфатија како претвестие за проектот „Рози“ којшто Бритни го најавуваше последниве неколку години.
View this post on Instagram
Многумина од обожавателите искоментираа дека „конечната слобода изгледа вака“, додека други велат дека претерала со објавите и дека ова го прави само затоа што не знае како да привлече внимание.
View this post on Instagram
Додека, пак, трети се зачудија како Инстаграм досега не ги банирал нејзините фотографии, кои доколку не беа објавени од јавна личност, ќе биле избришани во најбрз можен рок.
View this post on Instagram