Холивудската sвезда Брус Вилис го прослави својот 66. роденден, а честитки му испратија и неговата сегашна и поранешната сопруга.
И Ема Хеминг Вилис и Деми Мур му го честитаа 66. роденден на актерот Брус Вилис. Ема Хеминг објави фотографија на која актерот ја бакнува.
„Среќен роденден на најголемата љубов во мојот живот“, напиша таа под фотографијата.
View this post on Instagram
Од друга страна, поранешната сопруга, актерката Деми Мур објави заедничка фотографија од нив двајцата и нивните три ќерки.
„Среќен роденден Брус Вилис, Ти си еден и единствен…“, напиша Деми под неа.
Манекенката и актерка Ема Хеминг Вилис и Брус Вилис се во брак од 2009 година и имаат две ќерки, шестгодишната Мејбел Реј и осумгодишната Евелин Пен. Додека Деми Мур беше во брак со Брус од 1987 до 2000 година и ги имаат ќерките Румер, Скаут и Талула.
И покрај разводот и разделбата на животните патеки, Мур и Вилис останаа во пријателски односи, па дури и поминаа заедно дел од карантинот лани.
View this post on Instagram