(Фото) Ченинг Тејтум ја качи Зои Кравиц на „бе-ем-икс“ па зедно се возеа низ Њујорк

За актерот Ченинг Тејтум (41) и актерката Зои Кравиц (32) одамна се шлекулира дека се во врска, но сега повторно се најдоа во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои прегрнати се возат на бе-ем-икс во Њујорк.

Озборувањата за нивната врска првпат се појавија во јануари оваа година, по само неколку денови откако Зои поднесе барање за развод од актерот Карл. Додека Тејтум лани во октомври раскина со британската пејачка Џеси Џеј со која беше во врска, по разводот со актерката Џена Деван.

Тие се запознаа на сетот на дебитантскиот режисерски филм на Кравиц, „Pussy Island”, во кој Тејтум го игра главен лик. Според странските медиуми, заедно го развиле сценариото.

„Чен беше мојот прв избор, на којшто мислев кога го напишав овој лик“, рече Кравиц за актерот.

„Гледајќи го Меџик Мајк и неговите емисии во живо, добив чувство дека тој е вистински феминист и дека сакам да соработувам со некој кој е очигледно заинтересиран за истражување на оваа тема“, дополни таа.

 

Scroll to Top