Актерката Џенифер Анистон откако се пофали со новата фризура, стана хит на „Инстаграм“. Таа се пофали со новиот имиџ и за кратко време доби 4 милиони лајкови.
Анистон направи мала промена на фризурата и се бојадиса со малку посветла нијанса. Многумина ѝ коментираа дека станала повторно русокоса.
Анистон, која за себе вели дека не се рекламира често, е една од омилените лица во Холивуд. Таа во 2019 година, кога се приклучи на „Инстаграм“, речиси ја сруши мрежата, со големиот број на фанови кои ги собра на својот профил.