Англискиот глумец Даниел Крег викендов ги сними првите сцени во Србија за филмот „Нож во грбот“. Тој бил виден во неделата утрото како излегува од својот хотел во центарот на Белград и со затемнети прозорци на автомобилот бил однесен на местото на кое снимале.
Крег, кој е познат по улогата на тајниот агент 007, Џејмс Бонд, цело време бил заштитен од фоторепортерите и новинарите. Тој веќе четири дена престојува во Србија, а викендов снимале во еден објект во местото Крњача, во близина на унгарската граница.
„Нож во грбот“ е дело на режисерот Рајан Џонсон. Станува збор за детективска приказна во манирот на Агата Кристи, кој повеќе потсетува на познатиот детектив Поаро отколку на Џејмс Бонд. Крег глуми детектив Американец, кој повеќе го користи мозокот отколку тупаниците, велат критичарите.
Џонсон, кој веќе има доаѓано во Белград кога го снимаше филмот „Браќата Блум“, е познат и по снимањето на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“.
За „Нож во грбот“ планирани се три дела. За првиот потрошени се 40 милиони долари, а за вториот и третиот се планирани 450 милиони долари.
Покрај Даниел Крег, во филмот глумат Тони Колет, Џејми Ли Кертис, Крис Еванс, Кетрин Ленгфорд, Кристофер Пламер, Дон Џонсон. Филмот ќе биде емитуван на „Нетфликс“.