Деми Мур (59) објави фотографија во костим за капење. Таа позира на јахта и за фотографијата напиша дека скокала од радост последен пат пред да почне есента.
Нејзината фотографија собра речиси 60.000 лајка за еден час, а фановите ја пофалија за изгледот и дека телото ѝ е исто како на кога се појави во филмот „Стриптиз“, улога порди која беше на посебни режими на исхрана за да изгледа совршено.
View this post on Instagram
„Прекрасна си“, „Изгледаш одлично“, „Те обожавам, Деми“, „Многу убава жена“, се само некои од коментарите.
Деми не откри каде моментно се одмора.
Инаку, пред нешто повеќе од две недели актерката беше во Дубровник. Уживаше во „Вила Агаве“, а нејзини пријатели ѝ правеа друштво.