(Фото) Џеф Бриџис ја избричи главата, актерот води битка со тешка болест

Славниот американски актер и музичар Џеф Бриџис, кој на крајот на октомври откри дека боледува од лимфом, сега ја избричи главата.

Актерот боледува од рак, кој почнува да се развива во лимфниот систем и ги зафаќа лимфните јазли, слезнината, коскената срж, а се појавува во два сродни облици.

„Дијагностициран ми е лимфом. Иако тоа е сериозна болест, се чувствувам среќно што имам сјаен тим на доктори и прогнозите се одлични. Почнувам со лечење и ќе ве известувам за закрепнување“, напишал Џеф на социјалните мрежи.

Тој откри дека се чувствува добро и дека ја избричил главата.

„Еве ги најновите вести. Се чувствувам добро. Ја избричив главата. Си набавив куче, се вика Монти. Го прославив 71. роденден“, напиша тој.

Џеф седум пати беше номиниран за најпрестижната филмска награда „Оскар“, а ја освои во 2010 година, за улогата во филмот „Лудо срце“.

 

Scroll to Top