Популарниот американски водител Џеј Лено неделава спречил да дојде до судир на снимањето на најновата епизода на неговото ток-шоу „Гаражата на Џеј Лено“ во Малибу.
Тој скокнал пред својата „корвета“ и со рацете се обидел да го запре црвено-црниот „лексус“.
70-годишниот комичар е страстен вљубеник во автомобилите. Медиумите пренесуваат дека неговата колекција од 181 автомобил и 160 мотоцикли вреди 52 милиона долари.