Актерот Џејсон Момоа сакајќи повторно да испрати јасна порака за зачувување на околината и пред сè океаните го промени имиџот и ја потстрижа долгата коса.
Момоа кој беше познат по долгите перчиња, видеото го сподели со фановите и рече дека е згрозен од огромното количество отпад во океаните и штетата кое истото ја предизвикува.
„Еве за нови почетоци. Шириме алоха. Бидете подобри и заштитете ја нашата Земја и океани. Мораме да се ослободиме од пластиката за еднократна употреба од нашите животи и морињата, пластичните шишиња, пластичните вреќи, амбалажите, ѓубрето, сето тоа“, рече Момоа.
Ги покажа поранешните кадрици и објасни зошто ја скратил косата речиси на нула. На задниот дел од главата му остана само една тенка плетенка.
За потсетување, актерот во 2019 година исто така во знак на протест ја избричи брадата. Момоа објави кратко видео од сетот на неговиот тогаш нов филм Dune, во кое со бричењето симболично се прости од двете улоги кои му ја обележаа кариерата. Кал Дрого од серијата „Игра на престолот“ и прочуениот „Аквамен“.