Актерката Џенифер Анистон се најде на насловната страна на магазинот „Harper’s Bazaar”, во топлес издание. Ѕвездата од серијата „Пријатели“ изјавила дека немала никакви проблеми со фотосеијата и дека смета дека телото треба да се слави, без разлика на годините.
Анистон која во февруари наполни 50 години и понатаму изгледа како девојка. Фановите коментираат на социјалните мрежи дека нејзината линија и понатаму е на завидно ниво.
Медиумите сеуште шпекулираат за односот со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, иако во меѓувреме Анистон беше во брак и со Џастин Терокс.
Таа вели дека не се откажува од љубовта и покрај турбулентните односи со нејзините поранешни сопрузи.