Џенифер Лопез ја објави првата фотографија од втората венчавка со Бен Афлек. Двајцата се венчаа минатата сабота на имотот на Бен во Џорџија во САД. Првата ја направија во Лас Вегас.
Пејачката на втората венчавка облече фустан од брендот на Ралф Лорен. Деталите од венчавката ги објави на нејзината веб-страница On The JLo. На свадбата присуствуваа само најблиските пријатели и семејствата. Сите гости беа во бело заради дрес-кодот.
За потсетување, Бен и Лопез се запознаа во 2001 година на снимањето на филмот Gigli. Се свршија во 2002 година. По две години се разделија. Афлек се венчаше со Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Џенифер со Марк Антони со кого има близнаци.
Дека се повторно се заедно по 20 години, објавија минатата година.