Џенифер Лопез и Бен Афлек повеќе не кријат дека се во врска, пишуваат американските медиуми. Двајцата биле заедно во ресторанот на популарниот готвач Волфганг Пак, во Вест Холивуд. За потсетување, Бен и Лопез претходно беа во врска во 2002 година кога и се свршија.
Двајцата раскинаа во 2004 година, а пејачката потоа започна врска со пејачот Марк Антони, со кого има две деца. Откако се разделија Лопез почна да се гледа со поранешната бејзбол ѕвезда Алекс Родригез, со кого ја раскина свршувачката оваа година.
Афлек беше венчан со актерката Џенифер Гарнер до 2018 година со која има три деца. Неодамна Гарнер ѝ забрани на Лопез да може да се гледа со нив, затоа што смета дека и оваа, како и претходните нејзини врски ќе трае кратко.