(Фото) Џенифер Лопез и Кевин Костнер снимени во ист бар, се шпекулира дека се во врска

Пејачката Џенифер Лопез (55) и актерот Кевин Костнер (69) се фотографирани заедно во популарниот бар Кемо Сабе во Аспен, Колорадо, каде што ја поминаа вечерта во опуштено друштво. Ова е нивна прва јавна средба по разводот со партнерите.

Нивното доаѓање на истото место предизвика многу шпекулации, особено што и двајцата моментално се сингл.

Лопез беше добро расположена, се смееше и уживаше во пијачка. Носеше топол џемпер, а косата и беше крената во висока пунџа. Таа во еден момент се пошегува со фотографите и им го испружи јазикот, пишува „Пејџ Сикс“.

Костнер исто така изгледаше опуштено додека разговараше со гостите. Носеше црна зимска јакна, фармерки и очила за сонце.

Scroll to Top