(Фото) Џенифер Лоренс се породи во тајност, па излезе на прва прошетка со бебето

Глумицата Џенифер Лоренс стана мајка и излезе на прва прошетка со бебето. Таа ја криеше бременоста од јавноста, но се појави на премиера на „Нетфликс“ неколку дена пред да се породи.

Американските медиуми изминативе недели често пишуваа дека глумицата се породила, но никој не ги потврди шпекулациите. Откако во јавноста се појави сликата од прошетката на која е Џенифер со бебето, со сопругот Кук Маруни и со неговите родители, магазинот „Пипл“ напиша дека популарната глумица решила да не објавува никакви информации за бебето, вклучувајќи ги денот на раѓањето, полот или името на детето.

„Со сите сили ќе сакам да ја заштитам неговата приватност до крајот на животот, колку што можам“, изјави бремената Лоренс лани во ноември.

Џенифер и Кук својата врска јавно ја објавија во 2018 година. Се венчаа една година подоцна во тајност во луксузна вила, а меѓу гостите беа Крис Џенер, Адел, Ема Стоун…

Scroll to Top