Џони Деп, кој беше препознатлив по своите брада и бркови, повторно го промени изгледот. Ги изненади фановите во Њујорк кои не можеа да го препознаат. Пред настапот се појави избричен, со нешто сличен имиџ како на почетокот на летото, кога го глумеше францускиот крал Луј Петнаесетти за во филмот La Favorite.
Филмот кој го откупи „Нетфликс“ раскажува за жената од работничка класа Џени ду Бари, која била последната љубовница на кралот. Ќе излезе во февруари следната година.
Откако во јуни ја доби тужбата за клевета против бившата Амбер Херд (34), Деп продолжи со снимањето филмови и концерти. Освен La Favorite, Деп се појави на неколку концерти низ Европа со Бек. Сега му се приклучи и на американската турнеја. Двајцата веќе имаа неколку заеднички настапи.
Како голем љубител на музиката, Деп веќе има искуство и во оваа гранка. Со музичарот Елис Купер и Џо Пери од „Аеросмит“ го основаа бендот „Hollywood Vampires“.