Глумецот Џони Деп кој неодамна ја доби тужбата против бившата сопруга Амбер Херд за клевета, одржа концерт со неговиот добар пријател, легенданриот музичар Џеф Бек, а фановите не можеа да го препознаат без препознатливите мустаќи и брада.
Деп на настапот носеше бела кошула со засукани ракави, под кои му се гледаа тетоважите.
За потсетување, Амбер Херд призна дека не може да му исплати отштета од 8 милиони долари на Деп за клеветата, по изгубената пресуда. Медиумите пишуваат дека не се знае дали Деп ќе инсистира Амбер да ѝ плати или можеби ќе ѝ прости и ќе се задоволи само со добиената пресуда.