Лурдес Леон, ќерката на Мадона, со дечкото е на одмор во Тулум, Мексико.
24-годишната Лурдес пристигнала на плажата во кратко фустанче со принт, но потоа го заменила со танга-бикини. Сликана е во интимни пози со дечкото Џонатан со кого е подолго време во врска.
Според кажувањата на нивни блиски пријатели, Мадона постојано се јавувала да праша како им оди во врската. Некои велат дека инстистирала дури и на брак.
„Постојано ѝ се јавува и ги прашува како се. Сака да знае дали планираат брак бидејќи се надева дека ќе го направат следниот чекор“, изјавила пријателката на ќерката на Мадона.
Лурдес и Џонатан се заедно веќе четири години и уште од самиот почеток не ја кријат врската од јавноста.