(Фото) Дона од „Луди седумдесетти“ ги изненади фановите со новиот имиџ

Актерката Лора Припон, позната и како Дона Пинчиоти во серијата „Луди 70-ти“, ги изненади фановите со новиот имиџ и црна коса. Глумеше во популарната хумористична серија, во која прво беше со црвена, а потоа и руса коса.

Сега објави и видео од времето кога била млада, а многумина и признаа дека кога била црвенокоса изгледала најубаво. Лора пак ќе глуми во продолжението на култната серија во која се прослави, но сега под името „Луди 90-ти“, која ќе се емитува на „Нетфликс“ наредната година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laura Prepon (@lauraprepon)

Не е познато дали косата повторно ќе ѝ биде црвена. Од старата екипа од „Луди 70-ти“ со неа ќе глуми и Тофер Грејс, кој го глумеше Ерик Форман.

За потсетување, Лора покрај „Луди 70-ти“, глумеше и во „Како ја запознав вашата мајка“ и „Портокалова е новата црна“.

Scroll to Top