Познатата холивудска двојка, Курт Расел и Голди Хоун деновиве ги минуваат на одмор во Грција. Папараците на „Дејли Мејл“ ги снимија додека пловеа на глисер и изгледаа релаксирано, среќно и опуштено. Расел и Хоун се долги години заедно, но никогаш не ја официјализираа врската.
Првпат се запознаа во 1966 година кога снимаа неколку филмови заедно, меѓу кои The One and Only, Genuine и Original Family Band. Се заљубуваат по две децении подоцна, во 1983 година откако повторно ќе се спојат за снимањето на Swing Shift и Overboard.
Повторно ќе снимаат заедно за „Нетфликс“ во 2018 година како Дедо Мраз и Баба Мразица во The Christmas Chronicles и во неговото продолжение во 2020 The Christmas Chronicles 2. Голди Хоун кога ја прашаа која е нивната тајна за успешна врска, на шега рече, посебни купатила.
За потсетување, тие го имаат синот Вајат (35), а Голди ги има и Кејт (42) и Оливер (45), од бракот со Бил Хадсон.