Венчавката на принцот Хари и Меган Маркл е закажана за 19 мај, а поканите за нивните 600 гости се веќе испратени. Фотографии од поканата се појавија и во јавноста, па може да се види дека се класични, а елегантни, испишани со златно и црно и позлатени рабови.
Во поканите стои дека мажите треба да бидат облечени во костум, а жените во официјален фустан и да носат шапка.
Венчавката на Хари и Меган ќе се одржи во катедралата Свети Ѓорѓи во замокот Виндзор, по што гостите ќе отидат на официјален ручек. Само 200 гости се поканети на прославата што ќе продолжи вечерта, а приемот ќе се одржи во близина на Фрогмор хаус.
Свадбената торта ќе ја прави познатиот лондонски слаткар Клер Птак. Тортата ќе биде со вкус на лимон, со мирис на бозел. Колачот ќе биде украсен со крем од путер и вистински цвеќиња.