(Фото) Ели Голдинг откри дека го очекува своето прво дете

By

Англиската пејачката и текстописец Ели Голдинг ја објави својата бременост. Таа и нејзиниот сопруг Каспер Џоплин го очекуваат своето прво дете.

34-годишната пејачка веста за бебето ја објави во интервју за списанието „Vogue“, во кое го покажа својот труднички стомак.

Голдинг рече дека сакала поголемиот дел од нејзината бременост да биде далеку од очите на јавноста, за да може да се фокусира на мајчинството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

„Помислата да бидам бремена не ми беше реална. Бременоста некако ме натера да се чувствувам човечки. Сакам да најдам подобар збор од ‘женствено’. За прв пат имам и облини, кои никогаш порано не сум ги имала. Уживам“, сподели Ели.

Голдинг лани во јули го извади албумот „Brightest Blue“. Пејачката и Каспер се заедно од 2017 година, а во 2019 година стапија во брак.

Ќе ви се допадне