Глумицата и комичарка Ејми Шумер објави фотографија на „Инстаграм“ на која е гола и ја покажа лузната од царскиот рез. Таа и нејзиниот маж Крис Фишер во мај 2019 година го добија синот Џан. Додека беше бремена, Ејми често објавуваше фотографии од тоа колку се здебелила, од стриите што ѝ се појавиле, а зборуваше и за утринската мачнина и за проблемите со кои се соочува во бременоста.
„Мислам дека лузната од царски рез денес изгледа симпатично“, напиша Ејми.
Фотографијата доби повеќе од 450 илјади лајка. Освен нејзините фанови, кои ѝ коментираа дека и тие се горди на своите лузни од бременоста, пораки со поддршка ѝ оставија и неколку познати личности.
View this post on Instagram