(Фото) Холивудски актери кои претерале со пластичната хирургија

Во медиумите многу се пишува за естетските корекции на славните дами, но и многу познати мажи не можеле да одолеат на магијата на пластичните хирурзи и притоа во таквите случаи и претерале.

Многу жени ќе ја потврдат веродостојноста на старата поговорка која вели дека мажите се како вино, како стареат, така се подобри.

Нема ништо сексипилно од маж кој старее достоинствено, но со тоа не би се согласиле некои од холивудските актеро од 80-те години. Мики Рурк е еден од оние кои е ставен на листата на која во деновите на најголемата слава имал милион обожавателки низ светот. Бил вистински секс симбол.

Изгледа не знаејќи да се носи со годините, се предал на магијата на пластичните хирурзи. Водечките холивудски актери заклучиле дека нивното „ново“ лице можат да го поправат со лифтинг, затегнување, но и вбризгување филтер.

Актеро Реј Лиота целиот живот се борел со лузните на лицето кои се последица на акните во младоста, но претерал во намерата да има совршено лице и да изгледа младолико. Корекциите не му го дале посакуваниот резултат.

Силвестер Сталоне и Жан Клод Ван Дам, големи акциски ѕвезди исто така се обиделе да го запрат времето со лифтинг и ботокс. За жал на своите обожавателки, неколку третмани кај естетски хирург закажал и Џон Траволта.

 

Scroll to Top