(Фото) Кајли Џенер позира во градник од 700 евра

Најмладата светска милијардерка Кајли Џенер повторно ги израдува своите фанови со  фотографии на кои е разголена и променет имиџ. Таа позираше во градник од брендот „Гучи“ кој чини 700 евра

Покрај новиот градник, Кајли ја промени и бојата на косата. Таа сега е русокоса, а од бројните фанови доби пофални коментари за новиот имиџ.

„Светлата коса ми е најубава. Прекрасна си“, и напишале тие.

Манекенката често своите 182 милиони обожаватели на „Инстаграм“ ги почестува со фотографии на коие  разголена. Таа карантинот, поради пандемијата со коронавирусот, го помина позирајќи во провокативно издание, а најчесто на фотографиите на кои позира носи костими за капење.

Но, имало и такви кои негодувале дека Кајли премногу троши на скапи работи, па една од нејзините пријателки ѝ порача дека градникот  чини повеќе од нејзиниот живот.

На многумина им пречи и негодуваа поради тоа што Кајли ги брише коментарите под нејзините фотографии, а ја нападнаа и дека пречесто ги уредува истите во фотошоп.

 

 

 

Scroll to Top