Венецуелската актерка Кораима Торес сите ја знаат како Касандра. Актерката стекна глобална слава со оваа улога на уште на почетокот на 1990те години. Серијата е снимана 1992 година, а неколку години подоцна се прикажуваше и кај нас.
Во времето на најголемата популарност Касандра дојде и во Македонија, заедно со Ранду. Најпрво престојуваа во Скопје, а потоа се прошетаа и во Битола.
Оваа 44-годишна актерка денес не изгледа многу поразлично од времето кога глумеше во популарната серија. Таа 1996 година се омажи за актерот Николас Монтеро. Двојката го има синот Ману Нико Монтеро. Во моментов таа живее во Богота, Колумбија.