(Фото) Кејт и Вилијам се тркаат со Меган и Хари за повеќе фанови на „Инстаграм“

Војвотката Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам, се натпреваруваат со Меган Маркл и нејзиниот партнер Хари, кој ќе има повеќе фанови на „Инстаграм“. Оваа трка почна откако Меган и Хари отворија свој профил, вели за британски „Експрес“ Софија Мани Коутс, експерт за кралското семејство.

Двете двојки во моментов имаат повеќе од 11 милиони обожаватели Вилијам и Кејт на својот налог kensington rojal на „Инстаграм“ имаат 11,2 милиони фанови, а иста бројка имаат и Хари и Меган на својот налок Saseks rojal.

Интересно е дека Хари и Меган немаат налог на „Твитер, додека Вилијам и Кејт на оваа социјална мрежа имаат 1,9 милиони обожаватели.

Иако се многу популани на социјалните мрежи, двете двојки ги појачаа своите сили и почнаа војна на социјалните мрежи, со објавување на романтични фотографии од нив во природа. Кејт и Вилијам неодамна беа во Ирска и подоцна ги споделија впечатоците на „Инстаграм“. На сликата двајцата се прегрнати.

„Хари и Меган постојано се држат за раце, па возвратија во ист стил како да сакаат да кажат – тоа го можеме и ние и ние сме заљубени. Тоа не беше случај во минатото. Тоа е војна на „Инстаграм“ или нешто слично“, вели Софија.

 

Scroll to Top