Британскиот модел Кејт Мос била снимена од папараците за време на една нејзина прошетка низ улиците на Париз. Таа на себе не носела шминка, а фановите во коментарите на социјалните мрежи велат дека на прв поглед биле уплашени и дека не можеле да ја препознаат. Не верувале дека моделот може да изгледа толку грдо без шминка.
Британскиот модел во своите 45 години важи за една од најубавите жени на светот. Таа вели дека се труди да ја одржи витката линија, но дека не очекувала да биде снимена од страна на папараците, во моментите кога не била подготвена. Во моментот кога ја фотографирале Мос била во придружба на еден близок пријател.
Папараците велат дека ја начекале во сосема опуштено издание, а на себе носела обична дневна комбинација. Велат дека Кејт не се преоптоварила со фотографиите, иако на истите изгледа далеку од најубава жена на светот.