(Фото) Кејти Холмс повторно бремена

Поранешната жена на Том Круз, Кејти Холмс, најверојатно е трудна со своето второ дете, пишуваат светските таблоиди, кои објавија слики од глумицата, а на кои навидно се гледа трудничкиот стомак.

Кејти е сликана пред неколку дена на прошетка со нејзината ќерка, Сури, која ја има од бракот со Круз. Бидејќи Холмс е позната по тоа што е многу слаба, многумина се убедени дека таа е трудна.

„Сури многу се радува и е во исчекување“, пишуваат медиумите, а некои од нив коментираат и дека Кејти носи женско бебе.

За љубовниот живот на 41-годишната Холмс не се знае скоро ништо. По разводот со Том Круз таа долги години беше во врска со глумецот Џејми Фокс, но врската ја потврдија лани. Брзо потоа раскинаа, а Џејми беше виден во друштво на друга жена. Оттогаш Кејти во јавноста не се појавила со ниеден маж, туку само со својата ќерка Сури.

Scroll to Top