Ќерката на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс пред две години се појави заедно со мајка си на ревија на „Долче и Габана“ од високата мода и уште тогаш се појавија коментари дека Карис е новата миленичка на дизајнерите.
Две години подоцна, таа е сè посериозна за својата кариера како модел.
На фотографијата што ја објави Џонс, Карис носи бел „слип“-фустан, а нејзината појава предизвика многубројни коментари.
Некои велат дека лични на Мајкл Даглас, а други сметаат дека ја наследила убавината од мајка си.
Секако, нејзината појава предизвикува внимание, а доказ за тоа е што речиси и да нема светски медиум кој не ѝ посвети внимание и не ја објави фотографијата, а се зборува и дека е миленичка на дизајнерите.
https://www.instagram.com/p/CCyapV0HtWj/