(Фото) Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел на насловната на Elle

Дева Касел, ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, се појави на насловната страница на француското издание на модениот магазин Elle.

Славната италијанска актерка ја објави насловната страница со 16-годишната ќерка Дева на социјалните мрежи.

„Уште една убава насловна приказна неделава за мојата Дева“, напиша Моника.

 

„Убава, исто како нејзината мајка“, „Убава девојка“, „Каква мајка, таква ќерка“, „Совршена“, се само некои од стотиците коментари.

Модните критичари предвидуваат дека Дева ќе има успешна манекенска кариера, а славното дизајнерско дуо Долче и Габана ја прогласи за своја муза.

Моника од бракот со Винсен Касел има две ќерки, 16-годишната Дева и пет години помладата Леони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELLE (@ellefr)

Scroll to Top