Ќерката на американскиот актер Пол Вокер, Медоу Рејн пред неколку дена носеше ревија од модната куќа Givenchy, на модната недела во Париз. Медоу по смртта на нејзиниот татко, се оствари во улога на манекенка, а од фановите добива само пофални коментари.
„Браво. Секоја чест. Татко ти би бил горд на тебе кога би знаел колку убава и успешна жена си станала. Ова е голем чекор за тебе“, ѝ напишале тие на социјалните мрежи.
Ова не е нејзина прва соработка со популарната француска модна куќа, а со успехот таа се пофали на социјалните мрежи, каде објави видео од Париз. Givenchy за истата ревија ги ангажираше и Бела Хадид и Џордан Дун.
За потсетување, нејзиниот татко Пол Вокер, кој се прослави во улогата во филмовите „Брзи и бесни“, загина во сообраќајна несреќа во 2013 година. Медоу тогаш имаше само 14 години.