(Фото) Кети Пери и Орландо Блум им се нови соседи на Хари и Меган, за вилата со поглед на океан потрошиле 14,5 милиони евра

By

Пејачката Кети Пери и нејзиниот сопруг, глумецот Орландо Блум, ќе им бидат нови соседи на популарната двојка Хари и Меган Маркл. Тие за вилата во Калифорнија потрошиле 14,5 милиони евра, пишуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Пери и Блум во август годинава станаа родители и добија девојче, кое го крстија Дејзи Дав. Двојката сега одлучи со малата ќерка да се пресели во нова луксузна вила.

Во нивна близна ќе бидат и популарната водителка Елен Деџенерис, пејачката Аријана Гранде и водителката Опра Винфри.

Луксузната вила што Пери и Орландо ја купиле 20 години била во сопственост на познатиот бизнисмен Роберт Кидер и она што ја издвојува од другите е влошебниот поглед – од едната страна океанот, а од другата зелените брда.

Исто така, во дворот има базен, а во внатрешноста куќата е опременета со скапоцен мебел.

 

 

Ќе ви се допадне