(Фото) Ким Кардашијан покажа како изгледа без шминка

Ким Кардашијан неодамна во своето реално шоу се појави без шминка, со надуено лице, ситни брчки околу очите и кожа со шарен пигмент.

Таа во своето шоу покажа дека не е лесно да се биде Ким. За да изгледа како што ја знаеме од фотографиите и ТВ-екраните таа мора да станува секое утро во 5 часот наутро. Прво вежба околу еден час, а потоа доаѓа нејзиниот „глам“ тим т.е. армија од шминкери, стилисти и фризери. Ким Кардашијан потоа седи на стол околу 2 часа додека ја средуваат.

Фановите велат дека ова е одлична реклама за Ким која ја прави нејзината мајка Крис, односно сега таа решила да ја тргне „маската“ од лицето и да им го покаже на обожавателите својот природен изглед, но кога ќе се искомбинира со нејзината нова мисија за ослободување на погрешно осудените затвореници, се заклучува дека таа само се рекламира.

Социјалните мрежи беа преплавени од коментари, некои беа шокирани, други беа позитивно изненадени од нејзината храброст, но никој не остана имун на новиот изглед на Ким.



Scroll to Top