(Фото) Ким Кардашијан во бело ги откри своите прекрасни облини

Ѕвездата од риалити шоуата, бизнисменка, модел, инфлуенсерка, актерка и наскоро адвокатка Ким Кардашијан ја претстави серијата од платформата Дизни+ „Tudo é Justo“ во Бразил, и покрај фактот дека овој проект наводно поминал толку лошо што „не вредело да се спомене“.

Ким реши да го покаже целиот свој сјај во снежно-бел фустан.

Неодамна откри дека сè уште не станала адвокат, бидејќи повторно паднала на правосудниот испит, за што го обвини Chat GPT за давање „неточни одговори“, но, судејќи според нејзиното расположение, не ѝ било баш важно тоа. Како и секогаш, таа продолжи да привлекува внимание – на свој начин.

Се појави на црвениот тепих во фустан без ништо под него, кој повеќе открива отколку што покрива. Горниот дел во облик на градник го „криел“ овој нејзин адут, додека грбот го нагласила со пердуви кои го следат препознатливиот облик на задникот.

Фустанот со гол грб има само две испреплетени прерамки кои ја „држат“ оваа креација, а е исечен на половината како костим за капење за визуелно да ја истенчи половината и да ги нагласи луксузните облини.

Ким ја собра косата во уредно залижана пунџа со детаљ што одговараше на креацијата, а не отстапи од својот стил на шминкање и користеше веќе проверени нијанси.

фото: принтскрин

Scroll to Top